- Претседателот Доналд Трамп ќе ја дигнел рампата за пар милијарди наменети за Њујорк под еден услов - да се додаде неговото име на неколку знаменитости.
- Му рекол на лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, дека е спремен да се откаже од задржувањето на 16 милијарди долари за долгопланираниот железнички проект што ги поврзува Њујорк и Њу Џерси под реката Хадсон.
- Услов бил Меѓународниот аеродром Вашингтон (кој се наоѓа во Вирџинија) и станицата Пен во Њујорк бидат преименувани по него.
- Според CNN, Шумер веднаш ја одбил понудата.
- И Њу Џерси и Њујорк ја тужат администрацијата на Трамп поради застојот во финансирањето, што е дел од нејзиниот модел да ги задржува парите од Конгресот за државите кои не гласаа за Трамп на изборите во 2024 година.
- Администрацијата држи уште 8 милијарди долари во проекти за чиста енергија во 18 „демократски“ држави.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.