- Американската морнарица привремено ќе ја прекине операцијата за извлекување на заглавени бродови низ Ормускиот теснец, бидејќи е постигнат „голем напредок“ за постигнување договор со Иран, објави Доналд Трамп.
- „Проектот Слобода“ почна во понеделникот, овозможи преминување на само два товарни брода низ протокот и предизвика престрелка на американската морнарица со ирански патролни чамци.
- Трамп рече дека ја суспендирал операцијата по барање од Пакистан, кој посредува меѓу САД и Иран. Американската блокада на иранските пристаништа ќе остане на сила.
- Иранските државни медиуми го опишаа ова како победа за Техеран и истакнаа дека Трамп „се повлекол по континуираните неуспеси за деблокирање на виталниот поморски теснец“.
- Неколку часа претходно, државниот секретар Марко Рубио објави дека американско-израелската операција „Епски бес“ е завршена откако „ги постигнала своите цели“.
- Целите на САД, според конфузните изјави од Белата куќа во изминатите два месеци, опфаќаа промена на режимот во Техеран и уништување на нуклеарните капацитети и балистичките проектили на Иран.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.