- Доналд Трамп жестоко му се с'сна на поглаварот на римокатоличката црква, го нарече слаб кон криминалот и ужасен за надворешна политика. И дека немало ни да стане Папа да не бил тој.
- „Не сакам Папа кој би сакал Иран да има нуклеарно оружје. Не сакам Папа кој мисли дека е лошо што ја нападнавме Венецуела, земја од која ни доаѓаше дрога и криминалци,“ напиша тој на својата социјална мрежа.
- „Лав треба да ми биде благодарен бидејќи, како што знаат сите, тој беше шокантно изненадување. Не беше ни на листата кандидати но го ставија на неа само затоа што е Американец и мислеа дека тоа ќе биде најдобар начин да се справат со претседателот Доналд Трамп,“ напиша претседателот Доналд Трамп.
- „Да не беше Белата куќа, Лав немаше ни да биде во Ватикан,“ напиша Трамп кој во меѓувреме дополнително ги ужасна верниците објавувајќи фотографија од себе како Исус Христос.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.