- Конзервативецот Фридрих Мерц не ги доби потребните гласови за да биде избран за канцелар во првиот круг од гласањето во Бундестагот.
- На тајното гласање, за владата на Мерц гласале 310 пратеници, 6 помалку од мнозинството. Партиите од неговата коалиција имаат вкупно 328 пратеници.
- Никогаш досега во историјата на повоена Германија номинираниот кандидат за канцелар не бил блокиран на првото гласање во Бундестагот.
- Ако опозицијата се согласи за промена на дневниот ред, второто гласање може да се одржи денеска. Ако не, можно е во петок.
- Романскиот премиер Марчел Чолаку поднесе оставка, неполни 24 часа по убедливата победа на евроскептикот Георге Симион во првиот круг од претседателските избори.
- Социјалдемократите на Чолаку освоија најмногу пратенички места на изборите во декември и формираа влада заедно со центристичките либерали и партијата на етничките Унгарци.
- „Оваа коалиција повеќе не е легитимна. Идниот претседател и онака ќе ме разрешеше“, изјави Чолаку.
- Георге Симион освои 41% од гласовите во првиот круг од претседателските избори, двојно повеќе од градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан, со кого ќе се соочи во вториот круг на 18 мај.
- Симион најави дека ако стане претседател, за премиер ќе го постави Калин Георгеску, десничарскиот кандидат што победи на редовните претседателски избори во декември, пред да бидат поништени.