Тоевски: Темелковски е жив, „умреа“ човечката етика и новинарските принципи
9 февруари 2025
- Откако го „умреа“ жив и здрав Темелковски, за среќа тој медиумски „воскресна“ и преку видеоизјава ја демантира монструозната шега направена на негова сметка, но е навистина големо прашање дали ќе „воскреснат“ и човечката етика на оној или оние бесчувствителници што си приредија „забава“, објавувајќи дека е „умрен“.
- Морбидната „вест“ за „смртта“ на Темелковски мора да биде повод за соодветна дијагноза за сегашната состојба во која се наоѓа македонското новинарство. Зашто, не може да биде новинарство она новинарство што се занимава само со „копи-пејст“ продукција на вести, преземајќи некритички „вести“ од Фејсбук или од други не баш доверливи извори.
- Ваквото „новинарство“ се наоѓа на самото етичко дно.