- Обвинителството поднесе жалба на двегодишната пресуда за Менсур Пајазити за сообраќајката во која животот го загуби Теодора Ристовска во Тетово.
- Го имале предвид мислењето на Судскиот совет според кое првостепената пресуда не може да биде повисока од онаа на Апелација која првиот пат досуди две години, но тоа е за ситуација кога само обвинетиот поднесува жалба.
- Сега тие поднесуваат жалба по барање на семејството на жртвата кое нема право на жалба.
- Од вишата обвинителка од Гостивар, Вјолца Елмази, која се предомислила па барањето да се одбие жалбата на Пајазити го сменила со согласност да му се изрече поблага кривична санкција, никој не побара да го објасни ваквиот потег.
- Таа како олеснителна околност за Пајазити навела дека „ПРИЗНАЛ ВИНА“, небаре се работи за комплициран сајбер криминал па е потребно да признаеш дека си убил човек со кола.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.