- Иран предупреди дека со сите свои капацитети и без црвени линии ќе возврати на агресијата од САД и Израел.
- „Сите американски и израелски цели и интереси на Блискиот Исток станаа легитимна цел. По оваа агресија нема црвени линии и сè е можно, вклучително и сценарија што претходно не биле разгледувани“, рече изјави за Ал Џазира функционер од Техеран.
- „Воената агресија од САД и од ционистичкиот режим против Иран претставува кршење на меѓународното право и принципите на Повелбата на Обединетите нации. Иранската нација отсекогаш покажувала трпение и воздржаност за да спречи ескалација и да ја зачува регионалната стабилност. Историјата покажува дека Иранците никогаш не се предале на агресија. И овој пат, одговорот на Иран ќе биде решителен, а агресорите ќе зажалат за своите непријателски постапки“, објави Министерството за надворешни работи на Иран.
- Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
- Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
- Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
- САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.