- На само 85 секунди до полноќ се поместени стрелките на часовникот што симболично го предупредува човештвото колку е близу до уништување.
- Светот никогаш не бил поблизу до полноќ откако Билтенот на атомските научници го воспостави Часовникот на апокалипсата во 1947 година. Лани одбројуваше 89 секунди.
- Годинава се одземени уште 4 симболични секунди поради зголемените ризици од нуклеарна војна, климатска криза и потенцијалните злоупотреби на биотехнологијата и на вештачката интелигенција без соодветна контрола.
- „Се уриваат тешко стекнатите глобални разбирања, забрзувајќи го натпреварот меѓу големите сили по принципот победникот зема сè. Се поткопува меѓународната соработка, која е неопходна за намалување на егзистенцијалните ризици“, соопшти групата.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.