- Бејбибумерите до 2045 година на своите наследници ќе им пренесат 100.000 милијарди долари.
- Околу 68 посто од миленијалците и генерацијата З во Велика Британија, во наредните 20 години од своите родители ќе добијат наследство вредно во просек 320.000 евра.
- Со заминување на бумерите, се очекува недвижнините да почнат да паѓаат по 0,7 посто годишно.
- Удвостручувањето на вредноста на наследството ќе доведе до рано повлекување и пензионирање на наследниците кои во просек ќе доживеат 80-85 години.
- Обвинетиот поранешен директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кој повеќе од една година беше во бегство, утрово самиот се предал и бил уапсен.
- Бајрами, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште шест лица, е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања во врска со набавка на терминали за коцкање во државната компанија.
- МВР во декември 2024 година објави меѓународна потерница по Бајрами. Почна да му се суди во отсуство.
- Груби, кој исто така повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, се предаде на граничниот премин Блаце во февруари годинава, по што му беше определен куќен притвор.
- Судењето за случајот продолжува в петок.
- Администрацијата на Трамп минатата недела продолжила со обработката на барањата за имигрантски визи само за Унгарија и Полска, но ја задржа привремена глобална пауза во закажувањето интервјуа за сите други земји.
- САД во јануари воведоа забрани за патување за државјани од десетици земји, воведоа високи такси за одредени работни визи и наложија сите апликанти да поминат низ проверка на нивната историја на социјалните мрежи.
- Откако федерален судија во август ја поништи забраната, Стејт департментот ги прекина интервјуата за имигрантски визи во сите свои дипломатски претставништва ширум светот.
- Вашингтон во исто време воведе нова програма за обука на службениците, за да проценат дали апликантите ќе можат самите да се издржуваат во САД, без да зависат од јавна помош.