Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Сведоштво на мајка на млад загинат во Пулс

29 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Од сведочењето на Марија Петрушева, мајка на загинатиот 24-годишен Андреј:

- Андреј, кој планирал повторно да замине на работа во Хрватска, последен пат се јавил во 18:30 часот, велејќи дека е преморен.

- Со сопругот отидовме на тераса и видовме како небото свети во далечината, токму таму каде што е ‘Пулс’. Знаев дека таму има концерт на ДНК и веднаш почнав да им ѕвонам на двајцата синови. На Андреј му пишав и на Инстаграм во 3:10 часот, но пораката до денес стои непрочитана.

 -Едно дете ме слушна како викам и ми рече: ‘Вујно, Кристијан е добар, а Андреј имаше слаб пулс, ги однесоа со амбулантна кола’. Тогаш почувствував надеж, мислев дека штом се во болница, веќе им се помага. Не сфаќав дека децата што ги гледам легнати на земја се мртви, мислев дека се само онесвестени од чадот.

- Кога ме виде, Кристијан само ми рече: ‘Мамо, не успеав да го спасам брат ми’. Влегов во собата број 2. Андреј лежеше таму, изгледаше толку живо што не верував дека е мртов. Му дававме вештачко дишење, мислев дека испушта звуци, дека се враќа… Го молев докторот што поминуваше да направи нешто, тој му го фати пулсот и ми рече дека веќе се лади. Ми кажа дека и останатите три деца во собата се починати.

  • За трагедијата се обвинети 35 физички и три правни лица. За обвинителството, „Пулс“ не била несреќа, туку резултат на долгогодишно беззаконие. Дискотеката работела незаконски уште од 2012 година, без соодветна противпожарна заштита, со нерегистрирани реконструкции и без исполнување на минималните технички услови за безбедност на посетителите, известува СДК. 
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Почина цајканот од сељаците

Музика
2

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
3

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
4

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
5

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
6

Реал не чека многу, го зема најдобриот тренер во Европа сезонава

7

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
8

Важна информација за битолчани

1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Важна информација за битолчани

3

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

6

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

7

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
8

Имигрантите зад бумот на ВИ во САД

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Совети за млади машки суштества

Шокантни детали од комунистичко

Вежба која секој мора да ја проба

Зошто не ни треба ништо?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy