Судот во Стразбур: Јанакиески незаконски бил држен во притвор
-
Европскиот суд за човекови права во Стразбур утврдил дека на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор.
-
Не постоеле доволно причини за негово лишување од слобода и ненавремено биле разгледувани жалбите поднесени на одлуките за продолжување на притворите.
-
Јанакиески во Шутка и во домашен притвор беше речиси пет години. Му следува и отштета.
-
Некој нека се сети кои беа судиите кои му продолжуваа притвори (за предметите „27 април“ и “Шпански скали“), па нека ги праша како се чувствуваат што одзеле пет години од нечиј живот.