- Тужбата за клевета се однесуваше за новинарски текст објавен на МКД.мк насловен како: „Нови недоследности на директорот Тозија, ДКСК: Судир на интереси во Агенцијата за филм, рецезент на филмови одлучува за филмовите што ги рецензирала“, а тужителот Тозија бараше паричен надомест за повреда на честа и угледот.
- Основниот граѓански суд во Скопје во пресудата образложува дека тужениот медиум и новинар „спорниот текст го објавиле во вршење на новинарска професија, во одбрана на слободата на јавно изразување на мислата и при заштита на јавниот интерес и каде постојат оправдани интереси за таквото објавување.“
- Со објавениот текст се пренесувало соопштение/цитат од Државната комисија за спречување на корупција, а кое се однесуваше за работата на тужителот Тозија кој во моментот на поднесување на тужба ја извршуваше функцијата директор на Агенцијата за филм
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.