- Кривичниот суд Скопје ги ослободи од обвинение доктор Никола Васев, екс директор на Клиниката за онкологија, доктор Игор Стојковски онколог од истата клиника, како и докторката Марија Симоновска.
- Тие се ослободени од обвинение во врска со случајот на пациентот Томо Ристовски за кој обвинителството тврдеше дека тој не добивал терапија во период од неколку месеци во 2018 година на Онкологија по што состојбата му се влошила и починал.
- Рочиштата траеа речиси две години. Адвокатката на семејството на пациентот Томо Ристовски, во своите завршни зборови кажа дека адвокатката на доктор Нино Васев извадила документ во судница кој бил издаден по смртта на Томо Ристовски.
- Во современото дигитално цунами, рекламата полека ја губи својата креативност и идеја. Се повеќе се враќаме кон почетоците на рекламирањето, се личи како на уличните тапанари кои ја ширеле веста или огласот.
- Па зарем сите огласи (не ги нарекувам реклами бидејќи тоа и не се) низ интернет џунглава не личат еден на друг, единствено и само повикувајќи ве да купите токму од нив? Сите се по урнек на стари, пожолтени, предвоени памфлети кои повикуваат ’купи две добиј уште едно”.
- Да, мораш да бидеш виден за да бидеш забележен, но има ли некаква идеја во нив, има ли барем трошка креативност? Бомбардирани секојдневно со инфатилни пораки на ниво од 10 годишно дете, забрзано стануваме креативно индиферентни и неспособни за критичко размислување, вели во интервју за Маркетинг365, Андреј Павловски, искусен маркетинг стручњак , амбасадор на Македонија на фестивалот Golden Drum и член на жирито на фестивалот за конкурсот “Сруши ги предрасудите”.