Стонси ја откажаа европската турнеја 2026
17 декември 2025
- Откажана е турнејата на Ролинг Стонс во Велика Британија и Европа, која се планирала за следната година.
- Кит Ричардс не можел да гарантира дека ќе биде посветен на таков проект и не бил одушевен од идејата за уште едно четиримесечно акање по стадиони.
- Последниве години редовно друшто на Ричардс му прави артритисот за кој вели дека му го има сменето начинот на свирење гитара.
- Тоа не секогаш е лоша работа: „Ќе отиде прстот на друг праг и ќе отвори сосема нова врата,“ вели стариот кој утре полни 82 години.
Види и: Како Ролинг стонси ја прават плејлистата за концерт?