- Средната возраст на населението во Македонија е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Еуростат за 2025 година.
- Во 2015 година средната возраст на луѓето во Македонија била 37,4 години. Зголемувањето на возраста за 4,8 години за само десет години е меѓу највисоките во Европа, односно повеќе од двојно од просекот во ЕУ од 2,1.
- Од членките на ЕУ, најбрзо стареат Словенија и Кипар, каде што средната возраст се зголемила за 4,0 години, Италија (3,9) и Грција и Полска (по 3,7).
- Зголемување на средната возраст на населението е забележана во сите земји од ЕУ, освен во Германија и во Малта (-0,4 години). Најмладо население има Ирска (39,6 години), а најстаро Италија (49,1 година).
- Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 години, а постаро Албанија (44,3), Србија (45,4) Хрватска и Словенија (45,5) и Грција и Бугарија (47,2 години).
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.