Српскиот премиер и новосадскиот градоначалник поднесоа оставки
28 јануари 2025
- Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка, ден откако претседателот Александар Вучиќ повика на итна и масовна реконструкција на владата. Покрај него, оставка најави и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.
-
Вучевиќ предуреди дека во Србија постои сериозна поделба, а земјата е на раб на судир. „Сето ова што се случува е осмислено во странство, во тоа немам никаков сомнеж“.
- Српскиот претстедател Александар Вучиќ вчера кажа дека досега се објавени повеќе од 13.000 документи кои се евентуално релевантни за натстрешницата на Железничката во Нови Сад и дека е спремен да ги помилува сите уапсени и приведени на протестите.