Свештеникот Стеван Здравевски од Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА повторно ја нападна Владата поради процесите на дигитализација, овој пат реагирајќи на идејата за воведување дигитални возачки дозволи и лични документи.
Здравевски тврди дека со дигиталните документи, кои според неговото толкување го сведуваат човекот на идентификациски број, се брише личниот идентитет и човекот престанува да биде личност.
Свештеникот ја споредува дигитализацијата со системот на идентификација на затворениците и логорашите, кои, како што наведува, не биле препознаени по име и презиме, туку по број.
Оди и чекор понатаму, поврзувајќи ја дигитализацијата со сатаната и Антихристот. АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ КРСТЕНИ ДА НЕ СЕ ЛАЖАТ ДА СЕ ДИГИТАЛИЗИРААТ БИДЕЈЌИ СО ТОА ВЛЕГУВААТ ВО ДИГИТАЛНИОТ ЛОГОР НА САТАНАТА И ГО ДОБИВААТ БРОЈОТ НА АНТИХРИСТОТ 666, ЗА КОЈ ШТО Е ПРОРОКУВАНО ВО СВ. ОТКРОВЕНИЈЕ, пишува Здравески на фејсбук.
Легендарниот далматински и хрватски пејач Мишо Ковач почина на 85 години.
Роден е во 1941 година во Шибеник и растен на истата улица од која се дојдени уште двајца хрватски музички великани, Арсен Дедиќ и Вице Вуков.
Со над 20 милиони продадени плочи и куп хитови кои уште се пејат, животот на Мишо Ковач беше испреплатен со спектакуларна слава, преполни стадиони и тешки семејни трагедии.
Се женеше три пати, еднаш со една од најубавите жени во државата, Мис на Југославија, Анита Бутурина.
Во 1992 година неговиот 16 годишен син Еди го губи животот под докрај неразјаснети околности. Мишо никогаш не ја прифати официјалната верзија дека се работи за несреќно самоубиство.
Подоцна Мишо Ковач ги губи и мајка му и брат му. После неколкугодишна депресија, во 1999 година се обидува да се самоубие, пукајќи си во гради. Преживува.
Разгрлена кошула, наочари, мустаќ, златни ланчиња и дигнати раце. Доволен му беше еден замав со раката за цел стадион да ја допее песната.
„Има луѓе кои и за време на животот станале поголеми од себе, од збирот на сите свои плусеви и минуси.
Дали и колку нивните дела ви биле битни, што мислите за нивниот стил и слични, во други случаи обично важни работи, за таквите калибри не важат. Таквите се баждарени поинаку и не се судат со овоземни мерки.
Од таквите Хајлендери, ние го имавме Гоце Арнаудов, а Далмација го има Мишо Ковач.
Повеќекратен шампион во областа на музиката и повеќекратен губитник во областа на животот, Мишо е некој за кој ви е јасно дека колку и да мислите дека грешел, за тоа можат да судат само виши инстанци“, пишавме во воведот на неговото интервју за Оффнет кое го водеше Ноне Ноциќ (види: Моите песни можете да ги игнорирате, сè додека не се вљубите).
Оди сега биди паметен па реши која песна да ја одбереш од него: