Пол Макартни и Ринго Стар ќе соработуваат со Ролинг Стонси на нивниот следен албум кој веќе започнал да се снима а треба да се појави подоцна оваа година.
Тапани за 31-от студиски албум на Стонси ќе мава нивниот концертен тапанар Стив Џордан а ќе се чуе и покојниот Чарли Вотс кој одработил неколку делници пред да почине во август 2021 година.
Продуцент е Ендрју Вот кој работеше на последниот (опасен) албум на Иги Поп, Ози Озборн и Еди Ведер.
Макартни и Ленон во 1967 година отпеаа пратечки вокали за синглот на Стонси „We Love You“ a истата година Брајан Џонс од Стонси свиреше саксофон за „You Know My Name (Look Up the Number)“.
Фамозното ривалство и нетрпеливост меѓу двата бенда главно беше фиктивна медиумска приказна која и на двете групи им одговараше заради консолидирање на лојалноста на фановите.
На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.