Софија ќе има 88.000 паркинг места со плаќање
13 ноември 2025
- Во моментов, главниот град на Бугарија има 33.000 паркинг места за кои се плаќа. Од 5-ти јануари 2026-та ќе има 88.000.
- Од тој датум и ќе поскапи паркирањето. За еден час во сината зона која сега чини два лева, ќе се плаќаат две евра. Во зелената зона, часот наместо еден лев ќе чини едно евро.
- Се бараше и црвена зона во строгиот центар на градот во која би биле привилегирани само станарите но таа идеја не беше прифатена.
- Во меѓувреме, со заем од 400 милиони лева, градот купува нови тролејбуси, трамваи и автобуси на струја и плин.