Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Словенија прва во ЕУ воведе ембарго за оружје за Израел

1 август 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Словенија стана првата европска земја што воведе забрана за извоз, увоз и транзит на оружје за Израел, поради уништувањето на Газа и изгладнувањето на Палестинците.
  • Премиерот Роберт Голоб објави дека владата разгледува и други мерки против израелската влада поради „сериозни нарушувања на меѓународното хуманитарно право“.
  • „Премиерот јасно кажа дека Словенија ќе дејствува независно ако ЕУ не може да усвои конкретни мерки. Поради неединство ЕУ не ја исполнува оваа задача. Резултатот е срамен. Луѓе во Газа умираат бидејќи систематски е блокирано доставувањето хуманитарна помош. Умираат под урнатини, без пристап до вода, храна и основна медицинска грижа. Ова е целосно запирање на хуманитарен пристап и намерно спречување на основните услови за преживување. Во таква ситуација, должност на секоја одговорна држава е да дејствува, дури и ако тоа значи еден чекор пред другите“, објави владата.
  • Словенија лани во јуни ја призна Палестина и упорно повикува на прекин на огнот во Газа и на засилено доставување храна и хуманитарна помош за Палестинците.
  • Пред две недели воведе санкции и им забрани пристап на двајцата најекстремни министри во владата - Безалел Смотрич и Итамар Бен-Гвир.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
5

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

6

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
7

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
8

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
7

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

8

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ендемско добредојде

За суштината

По малку сме Неандерталци, знаете?

Во Бразил има 200.000 робови

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy