Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Словенија му забрани влез на Додик

11 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Словенија му забрани пристап на нејзина територија на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој во Босна и Херцеговина е осуден на една година затвор и има шестгодишна забрана за вршење јавни функции. Тој отворено ги отфрла мерките и останува на функцијата.
  • „Мерката стапи на сила веднаш. Ако Додик се појави на граничен премин на Словенија, ќе биде вратен“, објасни вицепремиерот Матеј Арчон. Забраната не ги опфаќа членовите на неговото семејство.
  • Арчон додаде дека образложението за воведувањето на санкцијата е тајна поради чувствителноста на информациите. Иницијативата за забраната била од Агенцијата за разузнавање и безбедност (СОВА).
  • „Забраната за влез е важна симболична порака до европската и глобалната јавност, но и до широката мрежа помагачи на Додик во Словенија. Со други зборови, забраната го погоди шефот, но луѓето што кријат капитал за него во Словенија останаа недопрени“, изјави аналитичарот Зијад Бечировиќ. Неофицијално се смета дека Додик чува во Словенија околу 3 милијарди долари, но Дело тврди дека таа цифра е претерана.
  • Влез на своја територија на Додик досега му забранија и Австрија, Германија, Полска и Литванија поради „закани за мирот и европската интеграција на БиХ“.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

6

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
8

Почина Биљана Плавшиќ

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Краткотраен обид да се наруши угледот на нашиот лидер

Стара панкерска: Ако грешам, нека изгорам

Кога писателите (треба да) играат на шипка

Одбери ја својата криза на средни години

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy