Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Словачка и Унгарија запреа испораки на дизел за Украина

19 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Словачка и Унгарија нема да ѝ испорачуваат дизел на Украина сè додека Киев не го обнови транзитот на руска нафта до двете земји преку нафтоводот Дружба. Нафтоводот наводно бил оштетен при руски напад на 27 јануари.
  • Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека цел на мерката е да ги обезбеди сопствените залихи додека не пристигне нафта од алтернативни извори. „Рафинеријата Словнафт ќе го запре извозот на дизел за Украина и други земји. Сите горива произведени во Словачка ќе бидат наменети за домашниот пазар“, објасни Фицо. Тој додаде дека ќе бидат ослободени 250.000 тони сурова нафта од државните резерви за да се надополни изгубеното количество руска нафта.
  • Претходно и Унгарија направи идентичен потег. Министерот за надворешни работи Петер Сијарто оцени дека затворањето на Дружба е „политичка уцена“ поради противењето од Будимпешта за брз прием на Украина во ЕУ.
  • „Зеленски од политички причини одлучи да не го рестартира транзитот на нафта, намерно загрозувајќи го снабдувањето на Унгарија со енергија, додека ние играме суштинска улога за енергетската безбедност на Украина. Голем дел од увозот на гас, струја и дизел за Украина доаѓа преку Унгарија. Не може да се очекува од нас да гарантираме енергетска безбедност на друга земја, додека нашето сопствено снабдување е во опасност. Енергетската соработка мора да биде взаемна и да се заснова на почит, а не на притисок“, изјави Сијарто. 
  • Чешка ѝ понудила на Словачка ограничени количини преку обратен тек од нафтоводот Дружба, но во мал обем. Братислава и Будимпешта, исто така, вршат притисок да добијат повеќе нафта преку хрватската инфраструктура.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

АНБ со мирис на УДБА

8

Размислете за храната

Медиуми
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Гушкање, во добро и во лошо

Горди и безработни мажи

Калифорнија, онаму каде што слободата оди за да умре

Сара, батали го!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy