- Наместо додека беше време на локдауни и крајно редуциран сообраќај, скопскиот аеродром решил да реновира писта во прајмтајм, од 28 март до 16 мај 2022 година.
- Во тие 50 дена ќе се врши реновирање од 9 наутро до 17:30 часот, односно полетувањата ќе се преместуваат во терминот од 17:30 до 9 наутро.
- Не се соопштени детали за дојдовните летови но најверојатно ќе бидат пренасочувани на Охридскиот аеродром.
- Поради психозата од очекуван „руски напад“, Литванија почна со екстремни мерки да реагира на вообичаени ситуации.
- Радарски сигнал од јато птици близу главниот град бил протолкуван како навлегување непријателски дронови. Аеродромот бил затворен и била побарана воздушна интервенција на италијански авион од составот на НАТО.
- Тревогата завршила откако пилотот визуелно потврдил дека во регионот забележал само птици.
- „При првичните отчитувања на радарот, трагите што ги оставаат птиците и дроновите можат да бидат слични“, објасни Литванскиот национален центар за управување со кризи.
- При сличен инцидент во мај, поради закана од дронови во литванскиот воздушен простор беше објавена општа тревога за жителите на Вилњус, претседателот и премиерката беа префрлени во бункер и беа прекинати летови и железничкиот сообраќај. Авионите на НАТО тогаш не забележаа дури ни птици.
- Глобалните залихи на саудиска нафта би можеле да се исцрпат за неколку дена доколку не се врати во функција виталниот нафтовод погоден од јеменските бунтовници.
- Откако дронови лансирани од хутите уништија пумпна станица, Ријад го затвори нафтоводот долг 1.200 километри од Персискиот залив до Црвено Море, со што се губат 4% од глобалните залихи.
- Аналитичари од Marhelm проценуваат дека за поправка на оштетувањата на нафтоводот може да биде потребен повеќе од еден месец поради „недостиг на резервни делови“.
- Долготрајниот прекин би можел дополнително да ги зголеми цените на горивата, откако цената на барел нафта од типот „брент“ достигна 109 долари.
- Саудиска Арабија минатата недела го извести ОПЕК дека нејзиното производство на сурова нафта паднало на 6,2 милиони барели дневно, од 10,9 милиони барели пред почетокот на војната во Иран.