Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Сите 59 жртви загинале од задушување

21 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Насилна смрт од задушување предизвикано од пожарот е причина за смртта на 59-те млади луѓе во клубот во Кочани. Обдукцијата покажа дека сите се задушиле за кратко време, најголемиот дел од јаглероден моноксид, а токсиколошките анализи ќе покажат какви други гасови вдишале. 
  • При обидот да избегаат од пожарот кај некои од починатите биле констатирани изгореници и скршеници, а 4 лица се задушиле во стампедото.

  • Четири тела поради изгореници биле идентификувани само со ДНК.

  • Од 59-те починати 16 се женски, а 43 машки, најмногу на возраст од 16 до 29 години.

 

извор

Д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ

19 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Професорката д-р Светлана Мојсов, една од најеминентните хемичарки во светот, е избрана за почесен професор (Professor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката ја донесе Сенатот на УКИМ, по номинацијата од Природно-математичкиот факултет во Скопје, чиј интегриран дел е Институтот за хемија.
  • Д-р Мојсов, заедно со д-р Џоел Хабенер и д-р Лоте Бјере Кнудсен, во изминатите две години добија многу светски научни награди за нивниот револуционерен придонес во развојот на пептидот 1 (GLP-1) сличен на глукагон со што го трансформираа третманот на дијабетес тип 2, помагајќи им на милиони луѓе ширум светот.
  • „Не ми беше важен ниту профитот, ниту признанието – туку вистината. Науката е должност кон човештвото, а најголемата награда за мене се пациентите кои денес живеат подобро благодарение на тоа што го започнавме пред четири децении.“, рече таа на Глобалниот женски појадок 2025, организиран на Институтот за хемија.

Види и: Науката ја исправи неправдата кон Светлана Мојсов

извор

Ванковска: Мултиполарност, македонска перспектива

19 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Да, ние сме „суверени“, но само на хартија. Во пракса, Македонија и понатаму се третира — како и кон крајот на 19 век — како пион на шаховската табла на големите сили. Нашето сонце официјално изгрева на Запад, а политичката елита со задоволство жртвуваше јазик, историја, дури и името на државата, за да влезе во клубот на НАТО.
  • Денешниот империјализам често не доаѓа со чизми и бајонети. Тој доаѓа со конференции, партнерства и „техничка помош“. Тоа е неоколонијализам во кроена облека — а нашите елити, од политичари до академици, служат како негови локални преведувачи.
  • На Украина ѝ беше кажано: спротивставете се по секоја цена — затоа што правдата е на ваша страна. На Македонија ѝ беше кажано: откажете се од името и од минатото — и ќе бидете наградени. Но совеста боли исто.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Косовскиот кошмар се враќа како зафрканција

Балканштина
2

После дојде Артан Груби и го реши проблемот

Македонски рулет
3

Тумор маркери три години пред симптомите

Здравје
4

Деца ќе изгорат, ама багра ќе остане

5

За намалување сообраќајки: Штоп-светла и напред

6

Личната жртва на Нетанјаху во нападот на Иран

Свет
7

КФМ ќе ја брише придавката „Северна“

8

Иран, нигде подобри луѓе, поубава земја и поголема неправда

Разно
1

Тумор маркери три години пред симптомите

Здравје
2

Деца ќе изгорат, ама багра ќе остане

3

За намалување сообраќајки: Штоп-светла и напред

4

Личната жртва на Нетанјаху во нападот на Иран

Свет
5

Израелскиот напад ја замолчи иранската опозиција

Свет
6

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков

7

Д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ

8

Ванковска: Мултиполарност, македонска перспектива

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Машки избор

Македонштина

Машко оро да запливаме

Балканштина

Не им е лесно на балканските франкофони

Македонштина

Шестемина величествени од МВР

Балканштина

Кога жена ти е кочничар на добрите идеи

Балканштина

Што си во подзнак?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Пастирот се менува, овците остануваат

Што мислевме, што излезе

Квадратура на скопскиот круг

Сменете рака

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy