- Кандидатура за претстојните претседателски избори во Либија поднесе и синот на ѕверски убиениот либиски лидер Моамер Гадафи.
- Татко му му дава име Саиф ал-Ислам (Сабја на исламот) планирајќи го за водечка улога после себе. Саиф е баран од меѓународниот суд за воени злосторства за дела на почетокот на „шарената револуција“. Има докторат од престижната Лондонска школа за економија.
- Мајка на Саиф е Сафија ел Барсаи, родена како Софија Каракаш, во 1952 година во Мостар. Се верува дека Софија се запознала со Моамер Гадафи како медицинска сестра во белградска ВМА, каде тој бил на третман на воспалено слепо црево.
- По голем притисок од јавноста, британските лабуристички власти се откажаа од воведувањето задолжителна дигитална лична карта, со цел за да се засили евиденцијата на работниците и да се воспостави контрола врз нелегалната миграција.
- Премиерот Кир Стармер во септември вети дека мигрантите нема да можат да работат во Обединетото Кралство ако немаат дигитална лична карта. Иницијативата беше најавена за 2029 година, но беше критикувана како инструмент што може да го засили надзорот врз сите Британци и да им ја загрози приватноста.
- Анкети покажуваат дека за 49% се намалила поддршката за задолжително воведување дигитални документи. Онлајн петицијата со која се повикува Владата да не ја воведува шемата собра речиси три милиони потписи.
- Со новите измени останува одредбата за задолжителна проверка на мигрантите што бараат работа, но ни тие, како и било кои други во Британија, нема да бидат обврзани да вадат дигитален документ за идентификација.
- Воведувањето дигитални лични карти е загрозено и од финансиски причини. Реформата е проценета на 1,8 милијарди фунти. Министерката Рејчел Ривс одби да издвои посебни средства, па на министерствата им е наредено да издвојат пари од своите буџети.
- Бил и Хилари Клинтон Хилари може да бидат уапсени откако одбија да сведочат пред Конгресот за истрагата за Џефри Епстин.
- Поранешниот претседател и неговата сопруга уште во август добија покана да дадат искази пред Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за нивните врски со озлогласениот финансиер и педофил Епстин. Тие одбиваат, тврдејќи дека се жртви на политичка одмазда.
- „Секој разумен во Конгресот и надвор од него гледа дека ова е обид да ги казните оние што ги гледате како ваши непријатели и да ги заштитите оние за кои мислите дека се ваши пријатели“, забележаа Клинтонови во писмо до Џејмс Комер, републиканскиот претседател на Комитетот.
- Комер претходно изјави дека ако Клинтонови не се појават, тој ќе покрене постапка за непочитување на Конгресот. Тоа значи дека Бил и Хилари би можеле да се соочат со кривична истрага и затворска казна.
- Истрагата почна пред да биде потпишан Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, кој му наложи на Министерството за правда да ги објави сите документи. Досега се објавени над 100.000, вклучувајќи многу фотографии од Бил Клинтон – во џакузи со жена или во базен со Гислен Максвел, што само по себе не е доказ дека бил вклучен во синџирот за проституција на Епстин.