- Шведски музички продуцент се шокирал кога при пазарење во маркет со својата ќерка, ги здогледал бонбоните познати по слоганот „Оџачар на грлото“.
- Бил длабоко вознемирен па на социјални мрежи предупредува дека тоа е „нормализиран расизам.“
- „Она што ми го сврте вниманието беше името Негро, но и тоа што на сликата покрај логото имаше белец. За мене тоа симболизирање: „Купете црнец за 10,95 круни. Ме врати во минатото,“ го тупи Близ Бугади.
- Малку да се распрашаше, ќе дознаеше дека зад Негро бонбоните од карамела, анис и ментол не стои никаков расизам туку името на човекот кој го смислил рецептот во 20-тите години на минатиот век, италијанскиот кондиторски мајстор Пјетро Негро.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.