- Американското биро за затвори, на својот веб сајт објави дека Шон Диди Комбс ќе биде пуштен од затвор на 28 мај 2028 година.
- Тој сега се наоѓа во притворот во Бруклин но ќе биде префрлен на друга локација за да го одлежи остатокот од 50 месечната казна затвор која месецов му беше изречена за делото транспорт за проституција.
- Треба да плати казна од 500.000 долари и да учествува во програми за неговите проблеми со менталното здравје и злоупотребата на супстанци.
- „Го зедов предвид фактот дека сте самостоен уметник и бизнисмен кој инспирираше луѓе и заедници“, рече федералниот судија во Менхетн но додаде дека ја зел предвид целата историја на Комбс и неговите озлогласени журки: „Ги злоупотребувавте жртвите, физички, емоционално и психолошки. Зошто тоа се случуваше толку долго? Затоа што имавте моќ и ресурси да продолжите.“
- Лукоил, вториот по големина руски производител на нафта, бара купувачи за своите капацитети во странство, поради санкциите што пред една недела САД ѝ ги објавија на Москва. Ќе мора да продаде три рафинерии и половина од своите близу 5.000 бензински пумпи во странство, со што очекува профитот да се намали за 30%. „Лукоил“ е готов, изјави поранешен директор за Политико.
- На 22 октомври, претседателот Доналд Трамп воведе санкции за најголемите руски нафтени компании, Лукоил и Роснефт, и за нивните 34 филијали, но одобри трансакции со нив најдоцна до 21 ноември.
- Лукоил, со седиште во Москва, учествува со околу 2% во глобалното производство. Нејзиниот најголем странски имот е нафтеното поле Западна Курна 2 во Ирак, едно од најголемите во светот, кое во април произведуваше 480.000 барели дневно.
- Компанијата е сопственик на рафинеријата Лукоил Нефтохим Бургас во Бугарија, најголемата на Балканот, со капацитет од 190.000 барели дневно, како и на рафинеријата за нафта Петротел во Романија.
- Лукоил испорачува нафта во Унгарија и Словачка, како и во турската рафинерија СТАР. Има удели во нафтени терминали и во малопродажни синџири во Европа и учествува во разни други проекти во Централна Азија, Африка и Латинска Америка.