Секој петти Германец не можел да си дозволи да отпатува на годишен одмор
23 јуни 2026
- 17,3 милиони Германци, односно 21% од вкупното население, живееле во домаќинства кои лани не можеле да си дозволат да отпатуваат на еднонеделен годишен одмор поради лоша финансиска ситуација, покажува извештај од Федералното биро за статистика.
- Одморот во анкетата не бил дефиниран само како туристички аранжман, туку опфаќал и престој кај пријатели, роднини или во сопствен капацитет.
- Самохрани родители биле уште потешко погодени. Само 39% можеле да си дозволат да заминат на одмор со децата.
- Сепак, Германците се во поповолна состојба во споредба со просекот во Европската Унија од 28%.
- Дури 61% од Романците живеат во семејства што немаат пари да заминат на еднонеделен одмор. На дното на листата се и Грција со 47% и Бугарија и Унгарија со по 39%, според Еуростат.