Се важи секој испечатен електронски документ од државата
3 јануари 2025
- Електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија, ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат, ги објасни измените на Законот за електронски документи министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
- Нивната валидност ќе може да се потврди со скенирање на QR-кодот на документот, кој води до оригиналот на документот.
-
Вака се олеснува употребата на електронските документи во административните процедури и се стимулира поголема искористенот на Националниот портал за електронски услуги.