Вести › Набрзинка
Судот во Стразбур има сериозни прашања за судењето на Јанкуловска
-
Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата, објави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
-
„Иако поминаа скоро 5 години од поднесувањето на апликацијата пред ЕСЧП, а јас издржав неправедна драконска казна и штетата која ја претепев на приватен и професионален план не може да се надомести, сепак сознанието дека од страна на ЕСЧП овие повреди се препознаени, за мене е една мала лична сатисфакција“, објави Јанкулоска.
-
Таа вели дека со оваа одлука на судот во Стразбур, можеби конечно судиите ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси, пренесува Макфакс.
-
„Госпоѓата која денес е на столбот на срамот, а која за своите злодела беше од страна на претходната власт дебело наградена со висока функција е пример дека судиската тога не е панцир што штити од општествен прекор. Се надевам дека конечно ќе има одговорност за сите сторени зла, но и ако тоа не се случи, немам дилема дека никој не може да му избега на судот на историјата“, вели Јанкулоска.
Европа ја кани Русија назад во Г8
- Европските сојузници на Украина се согласија Русија да се врати во Групата осум најразвиени земји Г8. Тоа е една од ретките отстапки за Москва во апсурдниот план на Германија, Британија и Франција, претставен како алтернатива на планот на САД за крај на војната во Украина.
- Седумте најразвиени земји - САД, Британија, Германија, Франција, Италија, Канада и Јапонија, во 1976 го воспоставија форматот Г7 заради координирање на политики. Во 1997 година им се придружи Русија, со што форматот се прошири на Г8.
- Русија беше исфрлена од групата во 2014 година поради поддршката на сепаратистичките сили во Украина по Мајданската револуција. Доналд Трамп неодамна оцени дека западните земји направиле голема грешка кога колективно ја отфрлиле Русија и го напуштиле форматот Г8.
- Претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков, во мај забележа дека Русија повеќе не е заинтересирана за Г8, бидејќи се фокусира на поинаков формат за економски развој.