- Пред точно 50 години во тогашниот неделник „Фокус" се појавува текст од младиот поет Владимир Шопов (тогаш на возраст од 23 години), син на Ацо Шопов, за тоа што се случило на 16-от меѓународен саем на книгата во Белград.
- Сервилноста на тогашната политика многу наликува на она што и денес ни се случува, но не и револтот на младите.
- „Овој саем во Белград покажа дека расчекорот помеѓу она што претставува официјален став, како сегмент на нашата заедничка политика и она што се чини без осет за селективен приод кон нештата може да биде од полза за трети, а тие во настојувањата да го зголемат бодовното салдо на својата хипокризна, односно како што тие ја нарекуваат, „конструктивна патриотска политика“, настапуваат кон нас како Тројански коњ во чија утроба Каин го остри веќе многупати употребуваниот нож“.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.