Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД воведоа санкции за колумбискиот претседател Петро

25 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Вашингтон објави санкции за колумбискиот претседател Густаво Петро, обвинувајќи го дека одбива да го запре протокот на кокаин од неговата земја кон САД. Со санкциите се опфатени неговата сопруга и најстариот син, како и министерот за внатрешни работи Армандо Бенедети. Замрзнати им се сите средства што ги имаат во САД.
  • Откако претседателот Петро дојде на власт, производството на кокаин во Колумбија експлодираше до највисоко ниво во децении, ги преплави САД и ги труе Американците, изјави министерот за финансии Скот Бесент.
  • Петро ги отфрла обвинувањата и тврди дека неговата влада запленува повеќе кокаин, а од 2021 година запрело проширувањето на насадите со кока. „САД лажат. Мојата влада не го засили кокаинот, туку напротив, заплени повеќе кокаин отколку во целата историја на светот“, порача претседателот. Тој додаде дека нема пари во САД.
  • САД во септември му ја укинаа визата на Петро откако колумбискиот претседател, по учеството на Генералното собрание на ОН, им се придружи на пропалестинските протести во Њујорк и преку мегафон ги повикуваше американските војници да ги одбиваат наредбите од претседателот.
  • Доналд Трамп пред една недела се закани дека ќе ги зголеми царините за Колумбија, а во средата ги прекина сите финансирања за латоноамериканската земја.

 

извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
3

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

8

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како иде?

Драги наши образовни слепци, ОВА е граѓанско воспитување

Deus ex motika

Кога човек ќе се просветли

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy