- САД вклучија нисколетечки авиони и јуришни хеликоптери во офанзива за деблокирање на бродскиот сообраќај низ Ормускиот проток.
- Генералот Ден Кејн, шеф на Генералштабот на здружените оружени сили, изјави дека авиони А-10 Вортхог и хеликоптери Апачи, вооружени со топови, митралези и ракети напаѓаат бродови, чамци и утврдени ракетни батерии на Револуционерната гарда, која контролира кој може да премине преку протокот.
- И покрај нападите, се верува дека Иран сè уште има огромни залихи од мини, ракети и чамци скриени во регионот.
- „Ќе бидат потребни недели за да се достигне точката за безбедни операции во протокот. Дури и тогаш голем дел од иранските средства ќе преживеат“, изјави Фарзин Надими од Вашингтонскиот институт за блискоисточна политика.
- Кон Персискиот залив плови и американскиот брод „Триполи“ со сили за ограничени интервенции на копно. Бродот носи над 1.600 маринци опремени со авиони и десантни хеликоптери.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.