- САД прогласија дипломатски бојкот на Зимската Олимпијада во Пекинг заради прекршување на човековите права од страна на Кина.
- Спортистите и понатаму ќе учествуваат, ама без стандардната дипломатска придружба.
- Кинеските власти го отфрлија американскиот бојкот како „позирање и политичка манипулација,“ тврдејќи дека американските дипломати воопшто не биле ни поканети да присуствуваат.
- Володимир Зеленски изјави дека би прифатил мировен договор кој би го потврдил разграничување на Украина и Русија по сегашната линија на фронтот.
- Тој потврдно одговори на прашањето од водителот на Фокс њуз, Брајан Килмид, „дали би се согласил на мировен договор со кој би се замрзнал статус квото, при што Украина би задржала најмалку 75% од својата територија?“.
- „Во моментов треба да ја замрзнеме ситуацијата и сметам дека тоа е вистинскиот пат кон завршување на оваа војна. Ние тоа го нарекуваме прекин на огнот“, рече Зеленски.
- Ако ова е прифатливо и за Русија, Киев би преговарал за безбедносни гаранции од САД и европските сојузници.
- Зеленски ова го изјави по средбата во Осло со американскиот мировен пратеник Стив Виткоф, кој продолжи во Москва за да му го претстави новиот американски мировен план на рускиот претседател Путин.
- Претходно Зеленски изјави дека Украина „не ја губи војната“, туку „губи луѓе, време, децата растат во воени услови...“ и затоа војната мора да заврши што е можно поскоро.