Делегациите од САД и од Европа вчера во Сараево не успеаја да договорат нов висок меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, на местото на германскиот политичар Кристијан Шмит, кој денеска заминува од функцијата.
Советот за имплементација на мирот - меѓународно тело задолжено за надгледување на Дејтонскиот мировен договор – ја усвои оставката на Шмит и објави дека новиот висок претставник ќе биде избран што е можно поскоро, најдоцна до 14 јули. До тогаш функцијата ќе ја извршува американскиот дипломат Луис Кришок, заменикот на Шмит.
Има двајца кандидати за функцијата - италијанскиот дипломат Антонио Занарди Ланди, кој ја има поддршката од САД, и францускиот Рене Троказ, со поддршка од Британија и Германија.
Германскиот дипломат Шмит, кој во својот мандат постојано беше во судир со лидерот на босанските Срби Милорад Додик, во мај ненадејно објави дека ја напушта функцијата, поради политички притисок од Вашингтон.
САД инсистираат идниот висок претставник да префрли дел од своите широки надлежности врз босанските институции. Русија пред Советот за безбедност на ОН во мај побара оваа функција целосно да биде укината.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.