Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Руте: Европа не може да се одбрани без САД

27 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европа не е способна да се одбрани без воена поддршка од САД, предупреди генералниот секретар на НАТО, отфрлајќи ги идеите дека Алијансата би можела да функционира и без најмоќната воена сила во светот.
  • „Ако некој тука мисли дека Европската Унија или Европа како целина може да се одбрани без САД, нека продолжи да сонува. Не можете“, им порача Марк Руте на европратеници во Брисел. „Европа и САД имаат потреба едни од други“.
  • Франција ги предводеше повиците Европа да изгради „стратешка автономија“ и доби поддршка откако администрацијата на Трамп лани отворено предупреди дека безбедносни приоритети на САД се на друго место и дека Европејците ќе мораат самите да се грижат за себе.
  • На самитот на НАТО во јули, европските сојузници (со исклучок на Шпанија) го прифатија барањето на Трамп да трошат 3,5% од својот БДП за одбрана и уште 1,5% за инфраструктура поврзана со безбедноста, до 2035 година..
  • „Ако навистина сакате да одите сами, заборавете дека некогаш можете да стигнете таму со 5%. Ќе биде 10%. Мора да изградите сопствен нуклеарен капацитет. Тоа чини милијарди и милијарди евра. Без САД, Европа ќе го изгуби крајниот гарант на нашата слобода, а тоа е американскиот нуклеарен чадор. Па, со среќа!“, порача Руте.
извор

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
  • Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
  • Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
  • Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
  • Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.

извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

АНБ со мирис на УДБА

6

Квалификации

Балканштина
7

Елитно ментално

Забава
8

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
6

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Плукни си!

Во добронамерноста на францускиот предлог не би поверувала ни француска собарка

„НАЈВАЖНАТА ИГРА“ од Илина Јакимовска (цртежи Иван Ј.)

Животни лекции од Брус Ли

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy