Русија, Украина и САД првпат заедно на преговори
23 јануари 2026
- Високи претставници од Русија, Украина и од САД ќе ја одржат првата трилатерална средба за крај на војната. Европа ќе ја нема на масата.
- Русија ги опиша разговорите во Абу Даби како „корисни во секој поглед“, но забележа дека долгорочен мировен договор не може да има сè додека не се решат територијалните прашања. Претседателот Владимир Путин вчера во Москва разговарал со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека Русија ќе биде подготвена за компромис: „Сè е околу територијата“.
- Главно барање на Русија е Украина да се откаже од 25% од регионот Доњецк што сè уште го контролира.
- Виткоф минатата година изјави дека Русија се согласила да им дозволи на САД и Европа да ѝ дадат на Украина „робусни“ безбедносни гаранции.
- Украина ќе ја претставуваат шефот на националниот совет за безбедност Рустем Умеров, Кирило Буданов - шефот на канцеларијата на Зеленски, преговарачот Давид Арахамија и началникот на Генералштабот Андриј Хнатов. Руската делегација ќе ја води генералот Игор Костјуков, директор на воената разузнавачка агенција ГРУ.