Русија и Северна Кореја денеска првпат се поврзаа со мост за коли и камиони, како „нов чекор кон стратешкото партнерство“.
Русија има копнена граница од 17 километри со Северна Кореја (најкратката од сите 14 копнени соседи), по течението на реката Тумен. По Корејската војна, во 1959 година двете земји се поврзаа преку Мостот на пријателството, кој беше отворен само за железнички транспорт.
Рускиот премиер Михаил Мишустин изрази надеж дека новиот мост за возила ќе поттикне развој на трговската, научната и културната соработка и ќе отвори нови работни места.
Мостот долг 1 километар го носи името на Јаков Новиченко – офицер од Црвената армија, кој со своето тело му го спасил животот на севернокорејскиот лидер Ким Ил Сунг од обид за атентат во 1946 година. „Запорожецот“ на Новиченко, управуван од неговиот внук, беше првата кола што го премина мостот.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.