-
ВМРО-ДПМНЕ со владината реконструкција ги добива министерствата за здравство и за социјална политика демографија и млади. За министер за здравство партијата го предлага актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, а за социјална политика, демографија и млади е предложен актуелниот заменик-министер во овој ресор, Ѓоко Велковски.
-
На местото на Клековски во ФЗО ќе биде назначен актуелниот министер за локална самоуправа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински, а за нов министер за локална самоуправа се предлага актуелниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.
-
На партијата Влен ќе ѝ припаднат Министерството за правда, Министерството за култура и туризам и Министерството за односи меѓу заедниците, додека движењето ЗНАМ ќе номинира свој кандидат за министер во ресорот Земјоделство, шумарство и водостопанство. Свое учество во Владата ќе земе и Демократската партија на Турците, која ќе има министерско место без ресор.
-
Ресорот за добро владеење во рамки на Владата ќе биде укинат и ќе биде директно под ингеренции на кабинетот на премиерот.