- Несериозен е однос кон ревизорските извештаи коишто со години забележување и нотирале и згора на тоа информирале за криминал во институциите како што се ЕСМ, МЕПСО, РЕК Битола, а никој не реагирал, рече министерката за енергетика, Сања Божиновска,по средбата со главниот државен ревизор Максим Ацески.
- Ова веќе ќе престане како пракса, секој што направил криминал или ќе се обиде да направи криминал во делот на енергетиката ќе се мора да одговара. Нема да имам никаква толеранција кон секој оној кој го прекршил законот, порача Божиновска.
- Од дузина институции од тој ресор бил побаран извештај за спроведените активности изминатите 4 години и финансиската состојба во која се наоѓаат.
- Илон Маск објави дека во 2027 година ќе подари по една од своите акции во SpaceX на секое дете во Америка.
- Според Бирото за попис, во САД има нешто повеќе од 72 милиони лица помлади од 18 години.
- Ако под поимот „дете“ подразбира малолетник, Маск ќе подари околу 10,5 милијарди долари, сметајќи според актуелната цена на акциите на SpaceX од 146 долари.
- Маск лично поседува 6,4 милијарди акции на SpaceX.
- Неговото ветување се надоврзува на иницијативата Trump Accounts, со која администрацијата на Трамп најави дека ќе им отвори инвестициски сметки на сите деца во САД, со почетен влог од 1.000 долари за оние родени помеѓу 2025 и 2028 година.
- А, пред само еден ден во статијата „Маск печали и од сопствената добротворна фондација“ објавивме колку Маск ја презира и ја злоупотребува филантропијата.
- Од први март следната година започнува со работа новиот систем за наплата на патарини на сите автопатишта во Хрватска.
- Во моментов се поставени 120 портали а вкупно ќе ги има 212.
- Секој портал има опрема за автоматско откривање и идентификација на возила, вклучувајќи камери, сензори и комуникациски модули и овозможува наплата на патарина без запирање на возилото, што го зголемува протокот на сообраќај.
- Претходно возилото треба да биде најавено во системот.
- Ние ќе си тераме со куќички насред автопат.