- Народното собрание на Република Српска констатираше дека Судот на БиХ со пресудата од 1 година затвор и 6 години забрана за политичко делување за Милорад Додик, извршил чин на државен удар и целосно уривање на уставниот поредок на БиХ.
- Усвоен е став дека судот донел пресуда врз основа на одлука на неизбраниот странец Кристијан Шмит, а не на основа на закон донесен од парламентарното собрание на БиХ.
- Додик и директорот на Службениот весник на РС, Милош Лукиќ (кој беше ослободен), беа обвинети затоа што во 2023 година овозможиле објавување во Службениот весник два закона кои ги донесе парламентот на РС а високиот претставник Кристијан Шмит претходно ги поништи.
- Пресудата не е правосилна и постои можност за обжалување. Додик казната може и да ја откупи за 36.000 конверибилни марки бидејќи според законот, казните до една година можат да бидат откупени.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.