- Извозот на нафта од Венецуела во мај достигна седумгодишен максимум, пет месеци откако САД го киднапираа претседателот Николас Мадуро и ја презедоа контролата врз нафтата.
- Во мај Венецуела продавала околу 1,25 милиони барели нафта дневно, што е огромен скок од 61% во споредба истиот месец лани.
- Од пристаништата испловиле 67 танкери, најмногу по 2019 година кога Трамп во првиот мандат воведе санкции за Венецуела.
- Главен увозник се САД со 558.000 барели дневно, Индија со 427.000 барели и Европа со 169.000 барели.
- По грабнувањето на Мадуро на 3 јануари, САД ја презедоа контролата врз венецуелската државна нафтена компанија PDVSA, им дозволија на западни фирми да ги продолжат своите операции и охрабрија американски компании да склучуваат договори за производство и извоз.
- Трамп неодамна се пофали дека со венецуелската нафта САД ги покриле трошоците од војната во Иран.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.