Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Рецензија на пописот: Инженеринг за договорени политички цели

4 ноември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Без јасно дефинирање на должината на присуство или отсуство од Македонија како критериум за разграничување на лицата кои се резиденти или нерезиденти и без дефиниција за категоријата вообичаено место на живеење, беше јасно дека ова ќе биде т.н. попис со отворени можности за организаторите да манипулираат со податоците во текот на нивната обработка, пишува во анализата на пописот проф. д-р Благица Новковска, универзитетски професор, меѓународен консултант и екс директорка на Државниот завод за статистика.
  • Биле самопопишани/попишани/допишани и класифицирани како нерезиденти 260.606 лица. Овие нерезиденти се сместени/ разместени по општините во Македонија каде што живеат резидентите. Ова е ‘најиновативниот’ дел од политичкиот попис. Имено, не постои статистички стандард, ниту методолошко објаснување според кои нерезидентите, коишто се всушност резиденти во други земји, би биле распределени како да се тука.
  • Во заклучок може да се каже дека е направен пописен инженеринг за договорени политички цели, спротивно на сите статистички принципи и меѓународни стандарди. Податоците произведени на таков начин не само што не можат да бидат употребени за прецизни анализи и креирање политики, туку можат да нанесат огромна штета со нивната употреба.  
извор

Кина се позиционира како глобален застапник на слободната трговија

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Говорејќи на самитот на АПЕК, Си Џинпинг повика на поотворена трговија и соработка и го критикува Западот за протекционизам, токму пред американскиот претседател Трамп да пристигне во Шенжен.
  • „Треба активно да градиме партнерства за научни и технолошки иновации, да ја продлабочуваме соработката во дигиталната економија и вештачката интелигенција, како и да ја промовираме зелената транзиција со ниска емисија на јаглерод“, изјави кинескиот лидер.
  • Си додаде дека Кина се стреми да обезбеди „постабилна, попредвидлива и покорисна средина за глобалните претпријатија“ и дека ќе продолжи да го проширува пристапот до своите сектори за производство и услуги.
  • „Почнувајќи со намалување на царините, проширување на пристапот и разгледување на регулативите и стандардите за управување, Кина ќе спроведе длабоки реформи“, рече Си.
  • Пред 25 години Америка ѝ помогна на Кина да се приклучи кон Светската трговска организација, со надеж дека тоа ќе ја промени Кина. Улогите се сменија: Вашингтон ги заострува трговските ограничувања, а Пекинг зборува за отворање.
извор

Вести од 21 век: На УКИМ дојде струја

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Струјата повторно е вклучена во четирите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во зградата на Ректоратот, откако е постигнат договор преостанатите неплатени сметки да бидат подмирени.
  • Било договорено УКИМ да ги плати заостанатите сметки најдоцна до петок. Доколку рокот не биде испочитуван, повторно се отвора можноста за исклучување на објектите.
  • Утринава без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот. Причината биле неподмирени обврски кон снабдувачот со електрична енергија, кои, според информациите на „Плусинфо“, достигнале околу половина милион евра.
  • Дополнителен показател за обемот на проблемот се обврските на јавните и државните институции кон ЕСМ, кои, според податоците на компанијата, надминуваат 24 милиони евра.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Медиуми
2

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Балканштина
3

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
4

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Балканштина
5

Да му се оди на Васко

Инфо
6

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
7

Како се победува „Безбеден град“

Македонштина
8

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

1

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
2

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

3

Зрело е Белгијците да побараат Рамковен

4

Чипсот со вкус на сланина се испречи меѓу Британија и ЕУ

Свет
5

Падна и системот на НСА

6

Иран функционира поефикасно без ајатолах

Свет
7

Уште 17 месеци затвор за Хашим Тачи

8

„Дојче банк“ криела трансакции за Епстин и руски олигарси

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како се победува „Безбеден град“

Медиуми

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Анти-американизам за лечење

Пушењето, лагите и државата-дадилка

Ставревски на денот

На мојата душа ѝ се брза

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy