- Бугарскиот претседател Румен Радев тврди дека македонскиот идентитет е измислен од комунистичката интернационала.
- Вика, за време на „југословенската диктатура“ во Македонија, десетици илјади Бугари биле носени во концентрациони логори.
- „На територијата на Македонија никогаш немало концлогори, ниту тогаш, ниту денес. Бројката од десет илјади наводно убиени е лага, практично гола конструкција за политички цели“, возврати Пендаровски.
- Бил и Хилари Клинтон Хилари може да бидат уапсени откако одбија да сведочат пред Конгресот за истрагата за Џефри Епстин.
- Поранешниот претседател и неговата сопруга уште во август добија покана да дадат искази пред Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за нивните врски со озлогласениот финансиер и педофил Епстин. Тие одбиваат, тврдејќи дека се жртви на политичка одмазда.
- „Секој разумен во Конгресот и надвор од него гледа дека ова е обид да ги казните оние што ги гледате како ваши непријатели и да ги заштитите оние за кои мислите дека се ваши пријатели“, забележаа Клинтонови во писмо до Џејмс Комер, републиканскиот претседател на Комитетот.
- Комер претходно изјави дека ако Клинтонови не се појават, тој ќе покрене постапка за непочитување на Конгресот. Тоа значи дека Бил и Хилари би можеле да се соочат со кривична истрага и затворска казна.
- Истрагата почна пред да биде потпишан Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, кој му наложи на Министерството за правда да ги објави сите документи. Досега се објавени над 100.000, вклучувајќи многу фотографии од Бил Клинтон – во џакузи со жена или во базен со Гислен Максвел, што само по себе не е доказ дека бил вклучен во синџирот за проституција на Епстин.
- Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Иранците да продолжат со протестите и да ги преземат институциите, ветувајќи им помош.
- „Ирански патриоти, продолжете да протестирате. Преземете ги вашите институции. Зачувајте ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со ирански претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. Помошта е на пат. МИГА!“, објави Трамп на својот профил.
- Претставничката на Белата куќа Каролин Ливит вчера изјави дека претседателот „не се плаши да ја употреби смртоносната сила и моќ на американската армија ако оцени дека е потребно“.
- „Дипломатијата секогаш е првата опција за претседателот. Воздушните удари се една од многуте опции што се на располагање на врховниот командант“, изјави Ливит.
- Иранскиот министер за надворешни работи вчера изјави дека е во контакт со американскиот специјален претставник Стив Виткоф и дека останува отворен каналот за комуникации помеѓу Техеран и Вашингтон. Новата порака на Трамп го затвори овој канал.