- „Она што се случува во Гренланд воопшто не ја загрижува Русија. Тоа прашање САД и Данска треба да го решат меѓу себе“, порача претседателот Владимир Путин.
- При евентуалното пазарење помеѓу Данска и САД за Гренланд, Путин ја процени вредноста на островот на околу 1 милијарда долари – сума за која смета дека Вашингтон може да си ја дозволи.
- Тој потсети дека продажбата на Алјаска од Русија на САД во 1867 година за 7,2 милиони долари и продажбата на Девствените Острови од Данска на САД во 1917 година, се преседани што оправдуваат трансакции со територии.
- „Патем, Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и била груба, ако не и сурова, кон неа. Но, тоа е сосема друго прашање и сега речиси никој не е заинтересиран за тоа“, изјави Путин на состанок на националниот Совет за безбедност.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.