Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Прва медицинска евакуација на астронаут во историјата на НАСА

15 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Четворица астронаути итно се враќаат од Меѓународната вселенска станица заради евакуација на еден од нив со здравствен проблеми. Ова е првата мисија на НАСА за евакуација поради болест во изминатите 65 години. 
  • Астронаутите од САД, Русија и Јапонија ја напуштија МВС со капсулата „Драгон“ на Спејс Икс и се очекува по неколку часа да се спуштат во Пацификот близу Сан Диего. НАСА не ги објави идентитетот и медицинските проблеми на загрозениот астронаут. На станицата останаа еден астронаут од САД и двајца од Русија.
  • „Прво и најважно, сите сме ОК. Сите сме стабилни, безбедни и добро згрижени. Ова беше одлука да дозволиме правилна медицинска проверка на Земјата, каде што има подобри капацитети за дијагностика“, изјави пилотот Мајк Финке.
  • Компјутерските моделирања предвидуваат по една медицинска евакуација од Меѓународната вселенска станица на секои три години. Оваа е првата на НАСА откако пред 65 години ја испрати својата прва вселенска мисија со екипаж. Русите имаат вакви искуства. Советскиот космонаут Владимир Васјутин во 1985 година беше првиот што се врати од станицата „Саљут 7“ поради сериозна инфекција.

извор

Ирански воен брод со 180 морнари потона кај Шри Ланка

4 март 2026
  • Share
  • Post
  • Иранскиот борбен брод „ИРИС Дена“ со 180-член екипаж потона 40 километри од брегот на Шри Ланка откако веројатно бил торпедиран од подморница.
  • Реагирајќи на повикот СОС, крајбрежната стража на Шри Ланка успеала да спаси само 32 луѓе од бродот. Тие се згрижени во болница. Биле извлечени неколку мртви тела од морето и се спроведува потрага по уште околу 140 исчезнати морнари
  • Морнарицата на Шри Ланка објави дека во близина на „ИРИС Дена“ не бил забележан друг брод ниту во областа поминувале авиони. Портпарол истакна дека приоритет има операцијата за спасување преживеани, а причината за инцидентот ќе биде истражена подоцна. 
  • Доналд Трамп синоќа изјави дека американските сили за два дена од операцијата Епски гнев „ги збришале морнарицата и авијацијата на Иран. „Тие немаат морнарица; таа е нокаутирана. Тие немаат воздухопловни сили; таа е нокаутирана. Тие немаат систем за откривање на воздух - тоа е нокаутирано“, рече Трамп.
извор

Хаос во министерството на Груби

4 март 2026
  • Share
  • Post
  • Од ревизијата на Државниот завод за ревизија за финансиските извештаи на Министерството за односи меѓу заедниците:

- недостасуваат 30 лаптопи;
- се делеле плати на луѓе кои не биле евидентирани;
- се точело гориво без евиденција дали е службена или приватна кола;
- 28% од вкупните основни средства ги нема во пописот;
- На 33 здруженија и фондации им се исплатиле 320.900 евра, пола од нив ќе треба да ги враќаат.

  • Артан Груби е во домашен притвор. Викаат, не му се ни кречи од што го секираат.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мајката која заврши трагично со ќерката дента била тепана од сопругот

2

Ај се кладиме дека оваа држава не е нормална

Македонски рулет
3

Само две земји ќе преживеат глобална нуклеарна војна

Занимливости
4

Шокантно: Ракета може да убие човек

Балканштина
5

Лекција со покажување

Балканштина
6

Војдан го мина Тоше и стана рекордер на Македонија

7

Дојава за Техеран

Балканштина
8

Ѓуро и лицемерието на Европа

Онака
1

Мајката која заврши трагично со ќерката дента била тепана од сопругот

2

Само две земји ќе преживеат глобална нуклеарна војна

Занимливости
3

Во бордот на Трамп се кој од кој кршачи на човекови права

Свет
4

Сорос повикува да се следи примерот на Шпанија со базите

5

Хамнеи бил фатен на „сејф сити“

Свет
6

На миротворецот Трамп му тргна со војни

Свет
7

Мајката и детето биле сами во станот и заклучени одвнатре пред трагедијата

8

Преговорите како камуфлажа за почнување војна

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не знаете вие што е неспаница

Балканштина

Зошто поповите најмногу ги сакаат лекарите?

Балканштина

Лекција со покажување

Балканштина

Дојава за Техеран

Балканштина

Колективна молба до Виз-ер

Балканштина

Балкански натпревар во сила и издржливост

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Да се оди на ова!

Една е мајка

Еден спомен на две тркала

Оваа работа бара изолација

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy