- Рускиот нафтен тајкун Андреј Бадалов загинал во мистериозни услови откако паднал до прозорец од својот луксузен пентхаус во кула во Москва.
- Бадалов (62) беше потпретседател на државниот нафтен дистрибутер Трансњефт, една од најголемите компании во светот. Директор на Трансњефт е Николај Токарев, поранешен агент на КГБ, кој за време на Студената војна бил на служба заедно со Владимир Путин во Германија.
- По инвазијата врз Украина зачестија „несреќните случаи“ на смрт од паѓање од прозор или балкон во Русија. Повеќето се водат како самоубиства.
- Во 2022 година така загина Равил Маганов, директор на Лукоил, втората најголема нафтена компанија во Русија. Паднал од прозорец од шести кат на московската елитна Централна клиничка болница, која истото утро ја посетил Путин. Тајкунот Михаил Рогачев, поранешен директор во демонтираниот нафтен гигант Јукос, лани во октомври падна од десетти кат на својот стан во Москва.
- Прозорците беа кобни и за Марина Јанкина, функционерка во Министерството за одбрана која загина лани во Санкт Петербург, и за поранешниот пратеник и трикратен олимписки шампион во борење Бувајсар Саитиев, кој загина во март годинава во Москва.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.