Приведени тројца директори на ЈП „Комуналец“ во Гостивар поради загадувањето на водата
20 јули 2026
- Уапсени се директорката на ЈП „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца членови на управата откако над 3.000 луѓе се пожалија на труење од загадена вода за пиење во градот. Директорката Аратана Асани, раководителот на Одделението за водовод Вадедин Дервиши и техничкиот директор Леон Нуредини се осомничени за кривичните дела „загадување вода за пиење“ и „тешки дела против животната средина и природата“.
- Обвинителството им забранува на министерот за здравство Сашо Клековски и на директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска да ги објават резултатите од анализите на водата во Гостивар „за да не се наруши истрагата“.
- Неофицијално, во извештајот на ИЈЗ пишува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.
- Во општината Гостивар вчера беше прогласена епидемија откако околу 3.100 лица во изминатите неколку дена побарале медицинска помош поради симптоми на труење. Секој ден има по меѓу 250 до 300 новопријавени граѓани со стомачни тегоби.
- Вчера во Гостивар беа дистрибуирани и првите количини пакувана вода, по одлуката на Владата да се обезбедуваат по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење, сѐ додека траат препораките од надлежните институции за забрана за употреба на водата од градскиот водовод.