- Ејуп Рустеми, поранешниот директор на Јавното претпријатие Државни патишта, е уапсен во врска со истрага за тендер за обезбедување на патарините.
- Во полициската акција биле уапсени уште три лица - Ејуп Љатифи, заменик директор за одржување патишта, потоа Дрилон Зибери, раководител на Одделение за наплата и контрола на патарини, и Џемал Билбиловски, сопственик на агенцијата за обезбедување „2СС“.
- МВР поднесло кривични пријави против пет физички лица и едно правно лице за злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службени исправи.
- Станува збор за договор за јавна набавка склучен во август 2022 година, според кој осомничениот управител на агенцијата за обезбедување се обврзал две години да врши континуирано физичко обезбедување на сите 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Не се придржувал кон обврската постојано да ги обезбедува станиците, вршел само делумно физичко обезбедување, најчесто само во прва смена, а фактурирал услуги како да ги обезбедувал 24 часа на ден 7 дена во неделата.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.