- Татјана Димитровска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), поднела оставка до Собранието.
- Обвинителството на 18 јули поднесе обвинителен акт против Димитровска за оддавање службена тајна и за компјутерски фалсификат, во врска со случајот „Адитив“, кој се однесува на набавка на адитиви за РЕК „Битола“.
- Пратениците треба да ја констатираат оставката и во рок од десет дена Собранието треба да почне постапка за избор на нов член и претседател на Државната комисија.
- ДКСК информираа дека комисијата може да работи и без претседателката Димитровска.
- Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Европа да дејствува заеднички против илегалната миграција.
- „Ужасната инвазија мора да запре. Подобро дејствувајте заедно или повеќе нема да ја имате Европа“, изјави Трамп во Глазгов на почетокот на четиридневна посета на Шкотска.
- „Мора да ја запрете оваа ужасна инвазија што се случува во многу земји во Европа. Некои лидери не дозволија тоа да се случи и не добиваат соодветна заслуга... Можам да ви ги именувам веднаш, но нема да ги засрамам другите. Но, запрете, оваа имиграција ја убива Европа, додаде Трамп.
- Тој го истакна примерот на САД, откако спроведе низа мерки за запирање на мигрантскиот бран. „Минатиот месец никој не влезе во нашата земја“.
- Британскиот премиер трпи голем притисок од јавноста да се справи со нелегалната миграција. До средината на јули до брегот на Британија преку Ламанш пристигнале 22.000 мали чамци со мигранти што е 50% повеќе во споредба со лани.
- Трамп ќе ги посети своите терени за голф во Шкотска, ќе се сретне со премиерот Стармер и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.
- Собранието на Македонија не ја изгласа предлог-резолуцијата да се повика Израел да дозволи пропуштање на хуманитарната помош во Газа.
- Само 16 пратеници гласаа за резолуцијата предложена од пратениците Скендер Реџепи, Арбана Пашоли, Рина Ајдари, Муса Џафери, Дијана Тоска, Илире Даути и Сали Мурати.
- „Од народ кој во Втората светска војна издвојува победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со неоколонијален и вазален менталитет молчиме, додека деца умираат од глад“, забележа пратеничка од Левица Јована Мојсоска.